Висар Адеми: ЈП „Комуналец е во милионски долгови, а гостиварските улици полни со смет
- Состојбата во која се наоѓа ЈП „Комуналец“ е многу лоша, долговите е милионски, а градот е една голема депонија, е констатацијата на независниот кандидат за градоначалник на општина Гостивар, Висар Адеми.
Гостивар, 30 септември 2025 (МИА) – Состојбата во која се наоѓа ЈП „Комуналец“ е многу лоша, долговите е милионски, а градот е една голема депонија, е констатацијата на независниот кандидат за градоначалник на општина Гостивар, Висар Адеми.
На денешната прес-конференција која се одржа пред седиштето на ЈП „Комуналец“, Адеми посочи дека состојбата со комуналниот смет и долгот на претпријатието е алармантната и понуди решенија. Според него ова претпријатие е на самиот врв на должници во Македонија.
- Долгот на ЈП Комуналец изнесува над 11 милиони евра, а работниците земаат 24.000 MKD без придонеси за здравствено и пензиско осигурување. Тоа ја отежнува работата на јавните служби и одржувањето на чистотата во градот, рече кандидатот за градоначалник на општина Гостивар.
Адеми напомена дека има план и вети дека по добивањето на функцијата за седум дена ќе го исчисти отпадот од градот и селата, а за седум недели сите нелегални депонии. Тој искажа незадоволство од комунална хигиена и како што нагласи, чувствува гнев и тага кога се движи по улиците на Гостивар.
- Ова е нашиот дом, тука живееме и тука растат нашите деца. Како е можно градови слични во Европа да се чисти и зелени, а Гостивар да изгледа како голема депонија?, праша јавно кандидатот за градоначалник Адеми.
Тој вината за состојбата ја префрли кон корумпираните политичари и администрацијата.
Програмата на Висар Адеми за чиста општина вклучува: инвестиции во камиони и модерна опрема за чистење, вработување дополнителен персонал за континуирано чистење, поставување подземни контејнери и корпи за отпад по улиците и формирање на брзо реагирачки тим и надзор со камери за санкционирање на загадувачите.
Според Адеми финансирањето ќе се обезбеди преку отстранување на партиските места, подобрување на јавната чистота и користење на меѓународни фондови и воведување на ефикасните казни за загадувачите.згм/
Фото: МИА