Висар Адеми: Време е да го исчистиме Гостивар од корупција и да ја изградиме економијата одново
- Скопје, 11 октомври 2025
Скопје, 11 октомври 2025
На денешната прес-конференција во Гостивар, независниот кандидат за градоначалник Висар Адеми го претстави својот економски план за спас на градот од демографското празнење и економската стагнација. Околу него стоеја празни столици – симболичен приказ на иселувањето што го погодува градот., се вели во соопштението од прес-службата на кандидатот, што МИА го пренесува интегрално.
„Денес ви се обраќам опкружен со празни столици – силен симбол на една болна реалност: Гостивар се празни, полека умира. Ова не е предизборна реторика, туку непобитен факт,“ изјави Адеми.
Според него, повеќе од 30 илјади жители ја напуштиле општината во последните години, што претставува околу 37 проценти од најактивното и најпродуктивното население.
Ако овој егзодус продолжи, Гостивар ризикува да стане град-фантом во следните десет години,“ предупреди тој.
Адеми посочи дека иселувањето не е само семејна болка, туку и огромна економска загуба за општината.
„Според податоците на ОЕЦД, потребни се околу 50 илјади евра за да се одгледа едно лице до 21 година. Во последните две децении, Гостивар изгубил околу 1,5 милијарди евра само поради иселувањето,“ рече тој.
„Да го исчистиме Гостивар – не само од отпадот, туку и од корупцијата“
Адеми нагласи дека е потребна итна акција за чистење на градот и обновување на економијата:
„Мора да го исчистиме Гостивар – не само од отпадот и уличните кучиња, туку пред сè од корупцијата што ја уништи вербата и надежта на младите.“
Тој ја критикуваше актуелната и претходните локални власти за неспособноста да донесат сериозни инвестиции во градот:
„Ниту актуелниот, ниту неговите претходници не успеаја да донесат ниту една голема странска инвестиција во Гостивар. И тоа е разбирливо – кој би инвестирал во град преполн со ѓубре и управуван од корумпирана администрација?“
Eкономски план на пет точки
На прес-конференцијата, Адеми го презентираше Економскиот план со 5 точки, кој има за цел да ја оживее локалната економија:
1. Gostivar Start-Up Hub – најголемата платформа за претприемништво на Балканот со бесплатен закуп и поддршка за стартапи.
2. „Ангелите на Гостивар“ – локален програм за финансирање стартапи преку инвестиции од дијаспората.
3. Центар за поддршка на локални бизниси – обуки, сертификации и промоција на производи со брендот „Made in Gostivar“.
4. Индустриска зона „INO-VAR“ – нова зона за домашни и странски инвеститори со потенцијал за голема вработеност.
5. Пакет „Инвестирај во Гостивар“ – даночни и административни олеснувања за фирмите што вработуваат млади лица.
6. „Промената е во рацете на граѓаните“
На крајот од пресот, Адеми испрати порака на надеж и мобилизација:
„Со чистење на Гостивар од отпадот, уличните кучиња и корупцијата, ќе создадеме нови добро платени работни места и ќе им дадеме причина на младите да останат овде. 19 октомври ќе биде денот на пресврт за Гостивар – чекор кон посветла иднина. Промената е во вашите раце.“