• понеделник, 23 декември 2024

„Вирџин галактик“ веќе продава билети за патување во Вселената

„Вирџин галактик“ веќе продава билети за патување во Вселената
Лондон, 6 август 2021 (МИА) - „Вирџин галактик“ почнува со продажбата на билети за „вселенски туризам“. Едно такво патешествие чини најмалку 450.000 долари. Во соопштението, имено, компанијата наведе три опции за потрошувачите на „приватниот пазар за астронаутика“ - единечно патување, семеен пакет и опција за закуп на целиот лет. Следниот лет на вселенското летало „Јунити“ е закажан за крајот на септември и е платен од италијанските воздухопловни сили. „Вирџин галактик“ успешно го лансираше својот вселенски брод со четири седишта на 11 јули. На летот беше и сопственикот на „Вирџин“, Ричард Бренсон. Леталото слета на приватното вселенско слетувалиште што се наоѓа во американската сојузна држава Ново Мексико.  си/сд/

Остани поврзан