Вирц: Сакам да ја напуштам мојата зона на удобност во одреден момент
- Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, ги подгреа шпекулациите за трансфер во Баерн Минхен.
Леверкузен, 8 мај 2025 (МИА) - Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, ги подгреа шпекулациите за трансфер во Баерн Минхен.
-Дефинитивно сум привлечен од идејата да ја напуштам мојата зона на удобност во одреден момент и да доживеам нешто ново. Доволно добро ги познавам фудбалските соблекувални и сигурен сум дека брзо би можел да се снајдам насекаде, изјави 22-годишниот плејмејкер за „Спортс илустрејтед“.
Вирц нагласи дека има големо почитување кон играчите кои ги оставаат своите семејства и околина зад себе за своите кариери.
-Имам голема среќа што имам толку многу одлични клубови пред мојот праг, а сега можам да играм за еден од најдобрите клубови во Германија и Европа, додаде Вирц, кој се приклучи на Леверкузен на 16-годишна возраст од Келн.
Според извештајот на германскиот весник „Билд“, Вирц го информирал својот тренер Чаби Алонсо дека не сака да се пресели во Реал Мадрид или Манчестер Сити, туку само во Баерн, кој неодамна го симна Леверкузен од тронот како шампион на Бундеслигата.
Германскиот репрезентативец сè уште има договор со Леверкузен до 2027 година.
Според Вирц, финансиските аспекти играат само секундарна улога во идниот трансфер.
-Секако, мора да се осигурате дека ќе добиете добар договор. Но, спортската перспектива ми е многу поважна од парите, додаде Вирц. дс
Фото: Архива