Винскиот музеј Кавадарци презентиран на меѓународен саем во Италија
- Винскиот музеј Кавадарци изминативе денови беше презентиран на меѓународен саем во Италија, настан под покровителство на УНЕСКО и Светската туристичка организација, информираа попладнево од Музејот.
Кавадарци, 5 ноември 2025 (МИА) - Винскиот музеј Кавадарци изминативе денови беше презентиран на меѓународен саем во Италија, настан под покровителство на УНЕСКО и Светската туристичка организација, информираа попладнево од Музејот.
- Ние годинава бевме дел од традиционалното учество на нашата држава на Медитеранската берза за археолошки туризам во Пестум. Пред многубројните посетители ги претставивме тиквешкото богато културно наследство, лозаровинарската традиција во најголемиот регион за грозје и вино, како белег низ времето на нашиот крај, вели директорката на Музејот, Елизабета Ристова.
Ристова подвлече дека посетителите биле воодушевени од македонските вина и ракии, ајварот и маџунот, традиционалната тиквешка ,,наутлија" како и слаткото од тиква, во тиквешко познато како р'чели.
Таа се заблагодари на Управата за заштита на културното наследство и директорката Весела Честоева, за можноста Вински музеј да се претстави на овој саем, единствен од ваков вид во светот. свд/бак/
Фото: Тим на македонски претставници на Саемот