• недела, 22 декември 2024

Винотека со вина од семејни винарници отворена во Неготино 

Винотека со вина од семејни винарници отворена во Неготино 
Неготино, 15 јуни 2022 (МИА) - Винотека со вина од семејни винарници беше отворена вечерва во Желкова куќа во Неготино, проект на локалната самоуправа и неготинските фамилијарни винарници.
- Обезбедивме и патокази што го означуваат патот до секоја од семејните винарски визби во општината, поставивме и вински билборд на влезот во градот. Целта е развој на винскиот туризам. Се надеваме дека ќе привлечеме повеќе вински туристи, рече неготинскиот градоначалник Горан Стојанов, посакувајќи им голем успех на производителите на вино.
Тој потсети дека Неготино од претходно има и галерија на вино во манастирот „Свети Ѓорѓи“, како и винска архива во Желкова куќа.
Од името на малите семејни винарници, благодарност за реализираниот проект, до општината, искажа Ѓорѓи Томов, од винарница „Томов“. Тој изрази надеж за уште многу други заеднички проекти. свд/сст/

Остани поврзан