• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Винисиус: Бразил мора да преиспита сè, не сакам повторно да го загубам Светското првенство

Винисиус: Бразил мора да преиспита сè, не сакам повторно да го загубам Светското првенство

Буенос Аирес, 26 март 2025 (МИА) - Бразилскиот крилен напаѓач, Винисиус Жуниор изјави дека „селесао“ мора да направи промени во својата игра по поразот од Аргентина со 4-1 во квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство 2026.

-Треба да преиспитаме сè. Денес влеговме во соблекувалната и немавме за што да разговараме. Треба малку да размислиме што направивме на теренот. Игравме многу лошо, а Аргентина одигра многу добро пред своите навивачи. Ни треба промена. Се натпреварував на Светското првенство и загубив. Не сакам повторно да губам, рече Винисиус, цитиран од бразилските медиуми.

Аргентинците имаат 31 бод и веќе имаат загарантирано место во финалната фаза на турнирот од СП 2026 година. Бразилците се на 4. место во поредокот со 21 бод. дс

Фото: Архива

Остани поврзан