• недела, 22 декември 2024

Вилнев: Мислам дека Строл може да го замени Ботас во Мерцедес

Вилнев: Мислам дека Строл може да го замени Ботас во Мерцедес
Лондон, 3 август 2021 (МИА) - Шампионот во Формула 1 од 1997 година, Жак Вилнев, смета дека пријателството и деловното партнерство помеѓу Тото Волф и Лоренс Строл би можеле да доведат до интересни промени во тимот. Според Вилнев, шефовите на Мерцедес и Астон Мартин може да се договорат да го заменат Валтери Ботас со Ленс Строл. Овој пресврт на настаните повторно ќе го остави претставникот на Вилијамс, Џорџ Расел, без пилотска кабина во врвниот тим. -Верувам дека тој (Ботас) може да оди кај Астон Мартин за да го замени Ленс Строл, кој ќе се пресели во Мерцедес. Сонот на Строл постариот, кој е многу близок со Тото Волф, е да види како неговиот син освојува титули. И на Тото му треба замена за Валтери. Се разбира, Хамилтон нема да го сака Расел како партнер. Подобро некој како Ботас - тркач кој нема да му пречи, истакна Вилнев. Во последно време се раширија гласините дека Финецот Валтери Ботас по завршување на сезоната ќе си замине од Формула 1 тимот Мерцедес. зс/

Остани поврзан