• сабота, 13 јули 2024

Вилијамс и Алфа Ромео заинтересирани за Албон

Вилијамс и Алфа Ромео заинтересирани за Албон
Лондон, 3 септември 2021 (МИА) - Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер објави дека Вилијамс и Алфа Ромео се заинтересирани за нивниот пилот Александар Албон. - Алекс заслужува место за борбен пилот следната година. Веќе постои интерес за него. Ќе направиме сè што е во наша моќ за тој да може да настапи. Сега, со евентуалното заминување на Расел од Вилијамс и Кими Раиконен во пензија, се отвораат можности за Албон. Вилијамс и Алфа Ромео веќе покажаа интерес за Алекс. Се надевам дека во наредните денови ќе биде појасно околу неговата иднина, изјави Хорнер за „Racefans“. Албон е резервен пилот на Ред Бул. Претходно тој возеше на трки за тимот во шампионатот во Формула 1, а исто така има настапувано и за тимот на Алфа Таури. зс/

Остани поврзан