• недела, 22 декември 2024

Вилдерс објави дека нема да биде премиер на Холандија

Вилдерс објави дека нема да биде премиер на Холандија

Амстердам, 13 март 2024 (МИА) - Лидерот на холандската екстремна десница Герт Вилдерс, чија Партија на слободата победи на парламентарните избори во ноември минатата година, денеска изјави дека нема да биде премиер на Холандија, бидејќи не успеал да собере доволно поддршка од потенцијалните коалициски партнери на неговата партија.

-Не можам да станам премиер без поддршка од сите коалициски партии, напиша Вилдерс на социјалната мрежа „Х“, речиси четири месеци по изборите.

Холандските медиуми јавуваат дека политичките сили се блиску до договор за влада на технократи. Политичките партии се подготвени за „следната фаза“ во процесот на формирање влада по два дена „добри“ и „интензивни“ дискусии, јавија локалните медиуми пренесувајќи изјава на извор близок до разговорите.

Холандија и Европа беа изненадени од победата на Вилдерс на ноемвриските избори. Сепак, неговите обиди да формира владина коалиција беа во ќорсокак од минатиот месец. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан