Викторија Трајков во Загреб за размена на искуства за ЕУ проширувањето
- Заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков, од денеска ќе учествува на програмата за ЕУ проширувањето-„Подготовка за ЕУ членството: Стратешки, институционални, економски и финансиски перспективи“, која во наредниве два дена ќе се одржи во Загреб, Хрватска.
Скопје, 30 септември 2025 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков, од денеска ќе учествува на програмата за ЕУ проширувањето-„Подготовка за ЕУ членството: Стратешки, институционални, економски и финансиски перспективи“, која во наредниве два дена ќе се одржи во Загреб, Хрватска.
Високи државни претставници на Хрватска во рамките на програмата ќе го презентираат подетално евроинтеграцискиот процес преку примерот на Хрватска, како и предизвиците со коишто земјата се соочила на патот до ЕУ, соопшти кабинетот на министерката Трајков.са/
Фото: МИА архива