• петок, 22 ноември 2024

Видео честитка од Ахмети по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители

Видео честитка од Ахмети по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители

Скопје, 24 мај 2023 (МИА) - Претседателот на ДУИ, Али Ахмети упати видео честитка по повод Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј до македонскиот народ.

-Почитувани мои сограѓани, нека е честит Денот на словенските просветители Кирил и Методиј. Во нивното дело е израснат и современиот македонски јазик кој претставува израз на посебноста на македонскиот народ - нашите сограѓани Македонци! Во духот на мултиетничкото општество кое заеднички го градиме да се потсетиме на овој важен ден дека заеднички ја преземаме обврската да ја зачуваме, негуваме и унапредуваме меѓународната артикулација на македонскиот јазик на ист начин како што тоа го правиме и за посебноста на македонскиот идентитет. Нека е среќен и честит празникот!, вели Ахмети во видео честитката по повод 24 Мај. вг/цр

 

Фото: принтскрин

Остани поврзан