• петок, 12 јули 2024

Видеолотарија Касинос Австрија спонзор на ПК Фри хајкерс

Видеолотарија Касинос Австрија спонзор на ПК Фри хајкерс
Скопје, 26 октомври 2022 (МИА) - Видеолотарија Касинос Австрија со 100.000 денари го спонзорираше планинарскиот клуб Фри Хајкерс. - Со 100.000 денари, Видеолотарија Касинос Австрија ги поддршка активностите на планинарски клуб Фри Хајкерс. Љубителите на планинарењето со финансиските средства од ова спонзорство, добија ново катче, планинарски дом во Горни Дисан, Неготино. Планинарскиот дом го носи името на големиот хуманитарец дедо Иљо Јанчев. Видеолотарија Касинос Австрија како модерна и општествено одговорно компанија продолжува да ги негува заложбите за подобра заедница, велат од компанијата. Претседател на домот, Ахмед Муратов од планинарски клуб Фри Хајкерс изрази голема благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за препознавањето на нивната идеја, која е од огромно значење за планинарите. Новиот планинарски дом ќе може да прими околу 40 лица за ноќевање. Ќе функционира како збиралиште на планинарите. зс/

Остани поврзан