• понеделник, 23 декември 2024

Видеолотарија Касинос Австрија спонзор на Кошаркарската федерација на Северна Македонија

Видеолотарија Касинос Австрија спонзор на Кошаркарската федерација на Северна Македонија
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Видеолотарија Касинос Австрија и Кошаркарската федерација на Северна Македонија на прес-конференцијата официјално објавија  спонзорството на машката македонска кошаркарска репрезентација. - Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш покажува дека продолжува со поддршката во спортот и во таа насока денес споделеува убава информација со вас, спонзорство на Кошаркарската федерација за двата натпревара кои се делат од претквалификациите за Евробаскет 2025. Јас можам да напоменам дека и претходно соработувавме заеднички и верувам дека сите заедно ќе навиваме за македонската репрезентација. Оваа соработка не е еднократна и краткорочна, туку и понатаму ние ќе даваме поддршка на македонскиот спорт. Да навиваме заедно за Македонија, рече Вики Чадиковска од Видеолотарија Касинос Австрија. Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ се заблагодари за поддршката која ја добиваат од Видеолотарија. - За добри услови се потребни финансии. Видеолотарија секогаш е со нас и благодарност до целиот нивни тим. Потребни се одлични услови за клучните два натпревара за нашите репрезентативци, а Видеолотарија излезе во пресрет да ни помогне во таа намера. Апел до уште повеќе компании да помагаат во кошарката, фудбалот и во кој било друг спорт, изјави Антиќ. Македонската кошаркарска репрезентација утре игра со Норвешка, а три дена подоцна (13 ноември) со Данска. Двата натпревара ќе се играат во Гевгелија. зс/

Остани поврзан