• понеделник, 23 декември 2024

Видал прави важен чекор кон излезот од „Камп Ноу“

Видал прави важен чекор кон излезот од „Камп Ноу“
Барселона, 12 септември 2020 (МИА) - Играчот за врска на Барселона, Артуро Видал, го олесни неговиот трансфер во Интер, пишува „Мундо Депортиво“. Тој долго време преговараше со „нероазурите“ за неговите лични услови, но имаше две пречки да се заврши неговиот премин кон нив. Една беше обештетувањето што Видал ја сакаше, за да го напушти „Камп Ноу“ една година пред да му истече договорот. Чилеанецот инсистираше да ја добие својата плата од преостанатата минатата година од договорот, но според каталонското издание, тој ја сменил стратегијата и сега е подготвен да си замине само со плаќање на досегашните долгови. Ова дефинитивно ќе помогне побрзо да се финализира трансферот. Другата пречка е поврзана со преговорите меѓу двата тима. Барселона се надева дека ќе земе сума за 33-годишниот халф, додека намерата на Интер е да го привлече како слободен агент. Сепак, „Скај Спорт Италија“ тврди дека има и развој на ова прашање, бидејќи гигантот од Милано се согласи да плати минимална сума за трансферот. Ќе биде слично на бонусите од 1,5 милиони евра што Севиља ги даде за Иван Ракитиќ и ќе биде многу помалку од 25 милиони евра што Барса ги посака за играчот во јануари.

Тагови

Остани поврзан