• среда, 09 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вечер на македонски свити и фантазии – концерт на Љупчо Коскаров и Дарко Мариновски во Софија

Вечер на македонски свити и фантазии – концерт на Љупчо Коскаров и Дарко Мариновски во Софија

Скопје, 20 ноември  2024 (МИА) - Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија вечер ќе се одржи настанот „Вечер на македонски свити и фантазии“ на Љупчо Коскаров (труба) и Дарко Мариновски (пијано).

Македонските професионалци и педагози ќе претстават свити и фантазии, композиции на Љупчо Коскаров, создадени врз основата на македонскиот фолклор.

Настанот ќе се одржи во присуство на академикот и почесен амбасадор на мирот Зоран Пејковски, кој е нов директор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија. дма/

Фото: плакат

Остани поврзан