• четврток, 26 март 2026

Вечерна богослужба и Литија в сабота во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје

Вечерна богослужба и Литија в сабота во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје

Скопје, 19 септември 2025 (МИА) - Во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, в сабота, на 20 септември со почеток во 17:00 часот, ќе биде отслужена Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје.

По Вечерната, ќе следува Литија со иконата на Пресвета Богородица – Троеручица околу централното градско подрачје.

Од Скопската епархија на МПЦ-ОА ги покануваат сите верници да земат молитвено учество на Вечерната богослужба и на Литијата.

Фото: Скопска епархија на МПЦ-ОА

Остани поврзан