• понеделник, 23 декември 2024

Ветеранот Аман по 25. пат на новогодишната турнеја „Четири скокалници“

Ветеранот Аман по 25. пат на новогодишната турнеја „Четири скокалници“

Оберсдорф, 25 декември 2023 (МИА) – Швајцарскиот ветеран во скијачки скокови Симон Аман ќе биде највозрасниот учесник на претстојната новогодишна турнеја „Четири скокалници“, која за него ќе биде вкупно 25. во кариерата.

Швајцарската скијачка федерација потврди денеска дека четирикратниот олимписки првак Аман ќе настапи на скокалниците во Оберсдорф, Гармиш – Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен.

Аман, кој првата титула во кариерата ја освои на Светското првенство во 2007 година, има 23. поединечни победи во Светскиот куп и 80. пати се искачуваше на пиедесталот.

На новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во 2015 година, швајцарскиот ветеран доживеа тежок пад на скокалницата во Бишофсхофен и итно беше пренесен во болница, каде се закрепна од потрес на мозокот и брзо се врати на скијачките скокови.

Највозрасен ски – скокач кој во историјата на новогодишната турнеја е Полјакот Станислав Марусаш, кому жирито по долга дебата му дозволи да се појави на скокалницата во Гармиш – Партенкирхен во 1965 на 53-годишна возраст. ег/паг/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан