Весли Снајдер: Можев да бидам како Меси или Кристијано, но не сакав
- Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер изјави дека не жали како се развила неговата фудбалска кариера.

Рим, 5 јуни 2020 (МИА) - Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер изјави дека не жали како се развила неговата фудбалска кариера.
- Можев да станам како Меси или Кристијано Роналдо, едноставно не сакав, рече Снајдер во интервјуто за веб-страницата на Џанлука Марцио.
Уживав во животот, понекогаш си дозволував себе си една чаша на вечера. Лео и Кристијано се сосема различни, тие се жртвуваа многу заради кариерата. Сепак, не жалам за ништо, мојата кариера сепак испадна одлична, додаде Снајдер.
Тој е освојувач на бронзен медал на Европското првенство (2004), има сребро (2010) и бронза (2014) на Мундијалите со Холандија.
На клупско ниво, Снајдер играше за Ајакс, Реал, Интер, Галатасарај, Ница и Ал-Гарафу. Има шампионски трофеи во првенставата на Холандија, Шпанија, Италија и Турција, ја освои ЛШ како дел од Интер (2009/10). Во 2010 година, Снајдер го зазеде второто место на гласањето за титулата најдобар фудбалер на годината – „Златната топка“. зс/