• среда, 10 јули 2024

Весковски: Ќе креираме локална младинска стратегија и ќе отвориме нов Младински центар

Весковски: Ќе креираме локална младинска стратегија и ќе отвориме нов Младински центар
Скопје, 12  октомври 2021 (МИА) - Градење одржливи системи за поддршка и механизми за активно учество на младите во креирањето на локалните политики и заедничко носење на одлуки, е целта на проектите кои денеска ги презентираше кандидатот за градоначалник на општина Карпош од СДСМ и коалицијата, Душко Весковски. Весковски издвои повеќе проекти како, отворање нов Младински центар и Канцеларија за млади која ќе служи како точка за информирање и координација со другите сервиси за млади на локално ниво, креирање локална младинска стратегија и буџет за млади, според кој, општината ќе одвои 0,1 отсто од својот буџет, субвенционирање на еколошки превоз за млади, во рамките на редовните повици за субвенционирање велосипеди и електрични тротинети, воведување на квота за млади до 29 години, субвенции за електронски уреди за ученици од основно и средно образование коишто се жители на Карпош,  „Карпош ФИТ“, посебна програма за младите во Карпош за активен спортски физички живот и нутриционистички совети, стипендии за најдобрите ученици и поддршка на практичната работа, стипендии за ученици од семејства во социјален ризик и еднородителски семејства. - Главниот капитален проект во оваа област е основањето Младински центар, со библиотека и читалница, потенцира Весковски. свс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан