• вторник, 23 јули 2024

Весковски потпиша Меморандум за соработка со „Гоу Грин“

Весковски потпиша Меморандум за соработка со „Гоу Грин“
Скопје, 28 септември 2021 (МИА) - Генералниот директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје и кандидат за градоначалник на Општина Карпош Душко Весковски и претседателката на „Гоу Грин“ Мила Јовановска потпишаа Меморандум за соработка. „Гоу Грин“ е младинска организација за одржлив развој и заштита на животната средина која работи на полето на младинскиот екоактивизам, образование за климатски промени и одржлив развој, како и социјална инклузија за зелена економија. -Водени од заедничкиот интерес за заштита на животната средина, младинскиот активизам и водењето политики кои промовираат одржливо користење на природните ресурси, потписниците на овој Меморандум ќе се залагаат за реализација на проекти за доброто на заедницата, врз основа на принципите за транспарентност и отчетност, соопшти Извршниот штаб на СДСМ, општина Карпош. мд/ац/

Остани поврзан