• петок, 22 ноември 2024

Весиќ: Од утре и фирмите можат да го користат единствениот таг на автопатите во Србија и Северна Македонија

Весиќ: Од утре и фирмите можат да го користат единствениот таг на автопатите во Србија и Северна Македонија

Белград, 21 јули 2023 (МИА) - Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ изјави дека од утре сите правни лица ќе можат да станат корисници на веб-платформата за електронска наплата на патарина, преку која ќе им биде овозможено плаќање патарина преку интернет за возење на автопатите во Србија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Заедничкиот таг меѓу Србија и Северна Македонија се покажа како одличен потег, за што најдобро говори фактот што речиси 20.000 луѓе во Србија ја искористија можноста да патуваат низ двете земји со еден таг, истакна Весиќ. 

Тој, како што соопшти ресорното Министерство, додаде дека компаниите со заедничкиот таг ќе го забрзаат протокот на стоки и услуги и појасни дека можноста за користење на заедничкиот таг ќе важи за сите правни лица кои сакаат да станат нови корисници, како и за постоечките корисници на припејд системот и за оние кои имаат договор со ЈП „Патишта Србија“, како овластен дистрибутер за електронска наплата на патарина во постпејд системот.

Весиќ рече дека сите правни субјекти треба да ги проверат дневните лимити на платежните картички пред да станат корисници на веб-платформата, за да се уверат дека се во рамки на нивното планирано дневно трошење. об/бак/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан