• четврток, 04 декември 2025

Верстапен може да се соочи со казна за фрлање крпа на патеката

Верстапен може да се соочи со казна за фрлање крпа на патеката

Будимпешта, 2 август 2025 (МИА) - Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, се соочува со казна за фрлање крпа на патеката за време на вчерашниот тренинг за Големата награда на Унгарија.

Возачот и претставник на тимот беа повикани кај стјуардите по вториот тренинг. Верстапен ја фрли крпата од кокпитот за време на трката.

Холанѓанецот го оствари 15-тиот резултат на вториот тренинг. 

Трката за Големата награда на Унгарија од шампионатот во Формула 1 ќе се вози утре со почеток воп 15 часот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан