• петок, 22 ноември 2024

Верона доби поранешен италијански фудбалски репрезентативец за градоначалник

Верона доби поранешен италијански фудбалски репрезентативец за градоначалник
Верона, 27 јуни 2022 (МИА) - Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Дамиано Томази (48) е избран за градоначалник на Верона. Томази, кој има 25 настапи во дресот на Азурите, најголем дел од својата кариера ја мина во Рома, од 1996 до 2006 година, освојувајќи ја и италијанската титула во 2001. Од 2020 година беше претседател на Здружението на италијански фудбалери (АИЦ). Верона е град со долга традиција на десноориентирани градоначалници, а Томази во изборната трка влезе како кандидат на левицата и победи пред досегашниот градоначалник од редовите на десницата Федерико Сбоарину. ег/ми/

Остани поврзан