• недела, 22 декември 2024

Вернер го одби Гвардиола за да му се приклучи на Челзи

Вернер го одби Гвардиола за да му се приклучи на Челзи
Лондон, 5 септември 2020 (МИА) - Напаѓачот Тимо Вернер стана нов член на Челзи оваа сезона. Според новинарот Кристијан Фолк, Германецот ја одбил понудата на главниот тренер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола да им се приклучи на „граѓаните“ и го избрал тимот од Лондон. Претходно беше објавено дека главниот тренер на клубот Френк Лампард го убедил Вернер да направи избор во корист на Челзи. Минатата сезона Вернер настапуваше за Лајпциг. Тој на 45 натпревари за Бундеслигашот постигна 33 гола. зс/

Остани поврзан