• петок, 05 декември 2025

Венус Вилијамс доби вајлд-карта за турнирот во Синсинати

Венус Вилијамс доби вајлд-карта за турнирот во Синсинати

Синсинати, 24 јули 2025 (МИА) - Американската тениска ветеранка Венус Вилијамс ќе учествува на турнирот WTA-1000 во Синсинати. 

Четириесет и петгодишната Американка доби вајлд-карта од организаторите.

Турнирот во Синсинати ќе се одржи од 7 до 18 август. Наградниот фонд е 5,1 милиони долари.

Венус Вилијамс вчера ја победи својата сонародничка Пејтон Стернс (6:3, 6:4) и се пласираше во второто коло од турнирот во Вашингтон. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан