• четврток, 26 март 2026

Венс: Израел нема да го анектира Западен Брег

Венс: Израел нема да го анектира Западен Брег

Ерусалим, 23 октомври 2025 (МИА) – Западен Брег нема да биде анектиран од Израел, изјави денеска американскиот потпретседател Џеј Ди Венс откако израелскиот Парламент усвои два закона насочени кон проширување на израелскиот суверенитет над Западниот Брег.

- Ако ова беше политички потег, тоа беше многу глупав политички потег и јас лично го сфаќам како навреда. Политиката на администрацијата на (американскиот претседател Доналд) Трамп е дека Западниот Брег нема да биде анектиран од Израел, тоа ќе продолжи да биде нашата политика, наведе Венс на крајот од неговата посета на Израел.

Тој истакна дека е оптимист за прекинот на огнот во Појасот Газа. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан