• сабота, 18 јануари 2025

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро положи заклетва за трет последователен мандат

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро положи заклетва за трет последователен мандат

Каракас, 10 јануари 2025 (МИА) - Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денеска положи заклетва за трет последователен мандат, иако неговиот реизбор беше оспорен од опозицијата, која прогласи победа на нејзиниот кандидат, пренесоа светските агенции.

„Се колнам дека овој нов претседателски мандат ќе биде (мандат) на мирот“, му рече Мадуро на претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез.

Венецуелскиот претседател положи заклетва пред парламентот под контрола на владејачката партија, еден ден откако лидерката на политичката опозиција Марија Мачадо беше на кратко уапсена за време на протест.

Политичката криза во Венецуела се продлабочи во текот на летото откако изборната комисија, лојална на владејачката партија, го прогласи Мадуро за победник на претседателските избори на 28 јули.

Во меѓувреме, опозицијата успеа да ги собере резултатите од над 80 отсто од гласачките машини и да ги објави на интернет, што покажува дека нејзиниот кандидат Едмундо Гонзалес победил на изборите со двојно повеќе гласови од Мадуро. паг/

Фото: МИА архива

 



Остани поврзан