• петок, 03 април 2026

Венецуела прогласи седумдневна жалост за загинатите војници во американскиот напад

Венецуела прогласи седумдневна жалост за загинатите војници во американскиот напад

Каракас, 7 јануари 2026 (МИА) - Времената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, вчера прогласи седумдневна национална жалост за припадниците на војската кои загинаа во американскиот напад за време на операцијата за апсење на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, кој се случи за време на викендот.

Според венецуелската Влада, во нападот загинале неколку десетици венецуелски офицери.

Кубанската влада во неделата соопшти дека во нападот загинале и 32 кубански воени офицери и полицајци кои биле ангажирани во Венецуела.

Куба прогласи дводневна жалост. ссм/

фото: архива

Остани поврзан