• четврток, 21 ноември 2024

Венецуела ги отфрла американските санкции

Венецуела ги отфрла американските санкции

Каракас, 12 септември 2024 (МИА) – Венецуела „со најголема одлучност“ ги отфрли денешните американски санкции против 16 блиски соработници на претседателот Николас Мадуро обвинети дека го попречувале гласањето на претседателските избори на 28 јули и кршење на човековите права.

- Венецуела со најголема одлучност го отфрла новото злосторство на агресија извршено од страна на американската Влада против Венецуела со наметнување еднострани, нелегитимни и незаконски присилни мерки врз група функционери, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи

Помеѓу санкционираните има и судии, шефови на безбедносните сили и обвинители.

Американските санкции уследија неколку дена откако поранешниот дипломат и опозиционер Едмунд Гонзалез, кој тврдеше дела победил на претседателските избори, замина во егзил.

Изборната комисија на Венецуела го прогласи Мадуро за победник на изборите неколку часа по затворањето на гласачките места, но не ги објави конечните резултати. ми/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан