• недела, 22 декември 2024

Венгер: Бензема имаше 2-3 килограми вишок до 30-тата година, сега е еден од најдобрите напаѓачи во светот

Венгер: Бензема имаше 2-3 килограми вишок до 30-тата година, сега е еден од најдобрите напаѓачи во светот
Лондон, 5 мај 2022 (МИА) – Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер искажа пофални зборови за игрите што ги прикажува Карим Бензема во последните неколку сезони. Триесет и четиригодишниот француски напаѓач на Реал Мадрид ја игра можеби најдобрата сезона во кариерата. Тој му помогна на својот клуб да го освои Шпанското фудбалско првенство и да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. - Бензема имаше два или три килограми вишок до 30-тата година од животот. Сега тој е вистински спортист и еден од најдобрите напаѓачи во светот, изјави Венгер. Во тековната сезона Бензема на 30 првенствени натпревари во Ла Лига постигна 26 гола, додека во Лигата на шампионите има 15 погодоци и му фалат уште два да го повтори рекордот на Кристијано Роналдо. зс/

Остани поврзан