• четврток, 26 март 2026

Вело Родео во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани

Вело Родео во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани

Кочани, 19 септември 2025 (МИА) - Во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани вечерва ќе се одржи Вело Родео, активност што е дел од програмата за одбележување на Европската недела на мобилност, со подаршка на Јуроп хаус. 

Предвидено е учесниците да возат велосипед на вело полигон, Вело Меморија и LEGO игри, бавна трка за развивање баланс и концентрација со награди од Вело училишта и АМСМ. 

Настанот ќе заврши со музика во живо, односно со настап на бендот „Без памет“ во кој членуваат средношколци од кочанските училишта.

Вело Родеото на Јуроп хаус во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани вечерва ќе се одржи во периодот помеѓу 18 и 20 часот. Носењето кацига е задолжително за сите учесници. ис/

Фото: Јуроп хаус

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан