• петок, 27 септември 2024

Вело-бус повторно низ Центар

Вело-бус повторно низ Центар

Скопје, 26 септември 2024

Вело-бусот продолжува да вози!

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ Скопје и Општина Центар повторно одганизираат вело-бус низ Дебар Маало.

Децата, заедно со возрасните, ќе возат низ населбата, ќе се чекаат на 5 вело-бус постојки низ населбата и заедно, безбедно, ќе стигнат до градинката 13 Ноември и основното училиште Коле Неделковски.

По 4те успешни возења на вело-бусот низ Кисела Вода, Гази Баба, Дебар Маало и Аеродром, Гоу Грин повторно соработува со Општина Центар за уште еден круг безбедно возење со деца од нивните домови до нивното училиште или градинка.

За таа цел ги покануваат сите деца и родители овој петок да им се приклучат од 7:30 до 8:00 часот на возењето низ Дебар Маало.

Место на чекање е пред бараките на Општина Центар.

Времето е 7:30 часот во петок, 27.09.2024.

А рутата по која ќе вози вело-бусот и на која ќе ги собира дечињата од постојките може да се погледне тука - https://www.google.com/maps/d/u/0/edit?mid=1NNM-6vhp19ScExZSokd_P7TKncW9Is8&ll=41.99798820246953%2C21.45698030000001&z=13

За повеќе информации можете слободно да го барате Дарко Арсовски Петровски 070 367 113.

 

Здружение „Гоу Грин“

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Фото: Здружение „Гоу Грин“

Остани поврзан