• четврток, 26 март 2026

Велика Британија потпиша договор за предавање на суверенитетот над спорните острови Чагос на Маврициус

Велика Британија потпиша договор за предавање на суверенитетот над спорните острови Чагос на Маврициус

Лондон, 22 мај 2025 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека потпишал  договор со кој суверенитетот над островите Чагос во Индискиот Океан му се враќа на Маврициус.
Архипелагот е значаен  поради стратешки важна воена поморска и воздухопловна база на најголемиот од островите, Диего Гарсија.

Стармер рече дека договорот ја обезбедува иднината на базата, која е „во самата основа на безбедноста на нашата татковина“.

Потпишувањето беше одложено неколку часа откако британски судија го блокираше договорот во последен момент. Сепак, подоцна денеска таа забрана беше укината од друг суд. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан