• недела, 22 декември 2024

Велика Британија го повика кинескиот амбасадор поради обвиненијата за шпионирање за Хонг Конг

Велика Британија го повика кинескиот амбасадор поради обвиненијата за шпионирање за Хонг Конг

Лондон, 14 мај 2024 (МИА) - Британското Министерство за надворешни работи го повика кинескиот амбасадор откако тројца мажи беа обвинети за шпионирање за Хонг Конг, објави денеска весникот Телеграф.

Амбасадорот ќе биде повикан на одговорност од официјални лица поради обвинувањата дека тројцата мажи и помагале на разузнавачката служба на Хонг Конг во Британија, пишува весникот.

Мажите се појавија пред судот во Лондон во понеделникот. Тие се обвинети дека и помогнале на разузнавачката служба во Хонг Конг во периодот од декември до мај со тоа што се согласиле да „соберат информации, да следат и да вршат дела на измама во Британија“, се вели во извештајот.

Кинеската амбасада во Лондон ја обвини Велика Британија за измислување на наводите и рече дека нема право да се меша во работите на Хонг Конг.

Хонг Конг беше под британска власт 156 години пред да се врати под кинескиот суверенитет во 1997 година. паг/

Фото: МИА архива



 

 

 

Остани поврзан