• недела, 22 декември 2024

Велигденската свечена литургија во Грција ќе биде во 21 часот, наместо на полноќ

Велигденската свечена литургија во Грција ќе биде во 21 часот, наместо на полноќ
Атина, 20 април 2021 (МИА) – Велигденската свечена литургија, оваа година во Грција, поради рестрикциите ќе се поместат и наместо на полноќ, ќе се одржат во 21 часот, согласно одлуките на Светиот синод на Грчката православна црква, јави дописничката на МИА од Атина. Светиот синод на ГПЦ денеска одржа состанок преку видеоконференција за работата на соборните храмови и црквите за време на велигденските празници и соопштуваат дека биле земени предвид постоечките рестрикции и ограничувањето на движењето на граѓаните, со оглед на тоа дека во Грција има полициски час од 21 часот, а велат дека со желба да им излезат во пресрет на верниците „на кои во никој случај не треба да им биде одземено учеството во радоста на Воскресението“, едногласно донеле одлуки. Воскресението на Велика сабота ќе биде во 21 часот, свечената манифестација ќе се одржи во дворовите на Соборните храмови и црквите и ќе следи Воскресена божествена литургија во самите храмови. Паралелно, литургиите во пресрет на Велигден се поместени за еден час порано. На денешниот состанок, исто така, било изразено задоволство што Соборните храмови и црквите, оваа година ќе бидат отворени за верниците. Со оглед на тоа што Грција од 7 ноември 2020 година е во карантин, а полицискиот час започнува во 21 часот, веројатно е дека за Велигден, однсоно на Велика сабота, ќе биде скратен и ќе почне покасно. Начинот на кој ќе работат црквите за Велигден, вчера беше темата за која дискутираа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и поглаварот на ГПЦ, архиепископот Јеронимос, за време на нивниот разговор на свеченото отворање на изложба во Парламентот. ср/

Остани поврзан