• недела, 22 декември 2024

Велешкото езеро „Младост“ и Градскиот парк во Велес преполни со посетители

Велешкото езеро „Младост“ и Градскиот парк во Велес преполни со посетители
Велес, 6 февруари 2022 (МИА) - Релативно топлото време за овој период од годината со Сонце и температури околу пладне од околу 11 степени над нулата ги измамија граѓаните на Велес да излезат од домовите и да прошетаат и да се рекреираат во Градскиот парк во Велес или малку подалеку на осум километри од градот до рекреативниот центар езеро „Младост“. Некои од граѓаните шетаа други трчаа или возеа велосипед, тротинет или ролери. Имаше и такви кои седеа на клупите и уживаа во убавиот ден со Сонце. На езерото „Младост“ децата беа во голем број на лулашките покрај велешко езеро „Младост“ и во „Паркот на срцата“ и „Паркот на авантури“ кои беа изградени лани во рамки на проектот „Смарт езеро Младост“. Младите собрани во помали друштва седеа во летниковците или шетаа на патеката. Освен велешани на двете пешачки патеки покрај езерото „Младост“ од едната и другата страна на езерото имаше голем број граѓани од Скопје, Штип и други градови. Освен домашни посетители денеска имаше и по некој странски турист од Франција и други земји кои на поминување преку автопатот застанале до езерото „Младост“. ад/оџ/      

Остани поврзан