• четврток, 26 март 2026

Велешките пожарникари изгаснале пожар над градската црква „Свети Спас“ и спречиле да се прошири

Велешките пожарникари изгаснале пожар над градската црква „Свети Спас“ и спречиле да се прошири

Велес 26 август 2025 (МИА) - Во Територијалната противпожарна единица Велес вчера  во 10:36 била примена дојава за запалено кабли над црквата „Свети  Спас“ лоцирана во високиот лев дел од градот каде се наоѓаат и градски гробишта.

Пожарникарите веднаш излегле на самото место со едно противпожарно возило. Тие по пристигнување затекнатле како гори дива депонија која брзо била згасната, информираа денеска од ТППЕ Велес.

Потенцираат дека брзото пристигнување и брзата интервенција на нивните колеги пожарникари  навреме сречиле   пожарот да се прошири.

Од ТППЕ  Велес, апелираат до граѓаните доколку забележат  пожар да се јават се на бесплатниот телефонски број 193 или 112.ад/

Фото: МИА архива

Остани поврзан