• петок, 20 јуни 2025

Велешките деветтоодделенци се запознаа со струките и занимањата во ССОУ „Димитрија Чуповски“

Велешките деветтоодделенци се запознаа со струките и занимањата во ССОУ „Димитрија Чуповски“

Велес, 21 мај 2025 (МИА) - На Отворен ден во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес денеска беа претставени струките и занимањата пред деветтоодделенците од училиштата од Велес и Велешко.

Во училиштето во претстојната учебна 2025/26 година во шест паралелки  ќе има  упис на 177 ученици во неколку насоки од хемиско- технолошката, здравствената и струката за лични услуги. Следната учебна година по неколку години повторно е воведена струката за прехранбен техничар за четиригодишно образование.  Деветтоодделенците при посетата се запознаваат со условите за работа, ги посетија и лабораториите каде се изведува стручната насока. Во училишниот двор и во училишниот хол на убаво подготвени штандови, учениците се анимираат со различни активности и забавно- едукативни игри, а при тоа се учеа  и за  струките за запишување. Во училиштето има и дуални паралелки со практична настава, а учениците добиваат и стипендии од МОН.

ССОУ „Коле Неделковски“ е најстарото хемиско училиште  во земјава, отворено во далечната 1956 година, а во него освен од Велес се школувале и се школуваат ученици од градовите од целото Повардарие.

Директорот на училиштето Горан Јанков изјави дека очекува голем број деветтоодделенци, како и изминатите и во претстојната учебна година да се запишат во нивното средно стручно училиште кое им нуди одлични услови за работа и напредување во школските и воншколски активности.

Професорката Ефимија Југова по фармацевтско стручни предмети во ССОУ „Димитрија Чуповски“ истакна дека многу се задоволни од соработката со компаниите Зегин и Еурофарм каде  праксата  успешно ја изведуваат нивните ученици. - Од Зегин  и Еурофарм континуирано излегуваат во пресрет на потребите на нашето училиште со дуално образование, како едно средно стручно училиште можеме да оцениме дека сме вистински партнери со нив во создавањето на нови квалитетни фармацевтски кадри, потенцира Југова..

Марија Коцева Зафировски регионален директор на аптеките Зегин во Скопје и Велес за МИА оцени дека имаат одлична повеќегодишна соработка со учениците и наставниицте од оваа училиште, воедно учениците од фармацевтската струка изведуваат и пракса, голем дел од нив по завршување на образованието се вработиле кај нив. Таа информира за новоформираниот тренинг  Центар за едукација кој се наоѓа во Скопје каде учениците од Велес и другите градови  учат  преку  онлајн настава, а матурантите од фармацевтската струка од ова училиште од Велес заедно со професорката Ефимија Југова  неодамна и го посетиле и поблиску се запознале со него.

Деветтоодделенците од велешките училишта кои денеска го посетија ССОУ „Димитрија Чуповски“ оценија дека е одлично што има Отворен ден и сметаат дека тој многу придонесува за да се определат каде ќе учат.  ад/мд/

Фото: МИА

 

Остани поврзан