• петок, 05 декември 2025

Велешкиот театар почна подготовки за новата претстава „Галеб“

Велешкиот театар почна подготовки за новата претстава „Галеб“

Велес, 13 април 2025 (МИА) - Во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот’“ во Велес неделава  почнаа подготовките за новата претстава „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Александар Ивановски.

Во претставата играат Славица Манаскова, Симона Димковска, Сандра Танчева, Јанка Лефкова, Јордан Витанов, Фаик Мефаилоски, Исидор Јовановски, Благојчо Стојанов, Филип Христовски и Кире Ацевски.

Од велешкиот театар најавуваат дека премиерата се очекува да биде на крајот на мај. По  премиерите на претставите „Мајка“ и „Госпоѓа министерка“, ова ќе биде трета претстава од годинашната програма на театарот. ад/

Фото: Театар Велес 

Остани поврзан