Велешката библиотека „Гоце Делчев“ уреди ново катче со книги за секој граѓанин –љубител на книгите
- Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес по повод Месецот на книгата уреди ново катче за читање, отворено за сите љубители на пишаниот збор.
Велес, 5 ноември 2025 (МИА) - Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес по повод Месецот на книгата уреди ново катче за читање, отворено за сите љубители на пишаниот збор.
Како што информираат од библиотеката, секој посетител ќе може да позајми книга од понудените наслови, да ја прочита и да ужива во магијата на читањето.
Тие ги покануваат сите граѓани без разлика на возраста, посебно најмладите да ја посетат библиотеката и нивното ново катче, да ја почувствуваат атмосферата на книгите. Воедно повозрасните преку читање на книги да си подарат малку мир и инспирација.ад/вј/
Фото: Библиотека „Гоце Делчев“