• четврток, 26 декември 2024

Вежба на ЕУ за дејствување во случај на голем кибернапад

Вежба на ЕУ за дејствување во случај на голем кибернапад

Брисел, 8 ноември 2024 (МИА) – Европска Унија денеска спроведува вежба поврзана со координација на акциите во случај на кибернапад од големи размери, соопшти Европска комисија.

Во вежбата учествуваат претставници на ЕК, како и на раководствата на службите за киберзаштита на земјите од ЕУ.

Нивната работа е поддржана од Европската агенција за кибербезбедност, чија цел е да се воспостават можности за комуникација помеѓу раководствата на европските услуги во рамките на новоизградениот паневропски систем за известување ЕУ-СајКЛОН (EU-CyCLONe).

Новиот систем е создаден за оперативно управување со одговорот на киберинциденти и ги надополнува воспоставените линии на контакт на политичко ниво.

Резултатите од вежбата ќе се рефлектираат на планот за координирани акции во слични кризи, усвоен пред шест години. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан