Вашингтон Пост: Израел за 45 дена од офанзивата во Газа фрлил 22.000 бомби
- Американскиот весник „Вашингтон пост“ (ВП) објави податоци според кои во првите 45 дена од војната, Израел фрлил повеќе од 22.000 бомби обезбедени од САД на Појасот Газа, нагласувајќи дека Вашингтон во моментов не го оценува придржувањето на Израел до законите на војна.
Вашингтон, 11 декември 2023 (МИА) - Американскиот весник „Вашингтон пост“ (ВП) објави податоци според кои во првите 45 дена од војната, Израел фрлил повеќе од 22.000 бомби обезбедени од САД на Појасот Газа, нагласувајќи дека Вашингтон во моментов не го оценува придржувањето на Израел до законите на војна.
Весникот наведува дека претставници на американската администрација одржале многу разговори со нивните колеги во Израел за да се уверат дека ги разбираат обврските на Тел Авив според меѓународното хуманитарно право.
Тие признаа дека САД во моментов не проверува во кој мерка Израел се придржува на законот.
Според весникот, тоа се случува и покрај тоа што американската администрација проценува дека оружјето не треба да се доставува до странски земји доколку Вашингтон види дека тоа го крши меѓународното право.
Американски официјален претставник рече дека Вашингтон не може да процени до кој степен Израел го почитува меѓународното право бидејќи не може да пристапи до информациите што израелските сили ги користат за планирање на нивните напади и не ги знае намерите на лидерите на Тел Авив.
Весникот објави дека американското оружје одиграло централна улога во израелската војна во Појасот Газа.
Разузнавачките извештаи испратени до Конгресот откриваат дека во текот на првиот месец и половина од војната, Америка доставила најмалку 15.000 бомби на Израел, вклучувајќи 907 килограми бомби за разбивање бункер и повеќе од 50.000 артилериски гранати од 155 милиметри.
Официјални лица изјавија за „Вашингтон пост“ дека администрацијата на Џо Бајден не одбила ниту едно воено барање од Израел и дека не се размислувало за прекин на воената помош.
Стејт департментот минатата недела соопшти дека не видел докази дека Израел намерно убивал цивили за време на војната во Појасот Газа. паг/
Фото: ЕПА