• недела, 22 декември 2024

Вашингтон загрижен поради прогонот на новинарите во Гватемала

Вашингтон загрижен поради прогонот на новинарите во Гватемала
Вашингтон, 3 март 2023 (МИА) - САД денеска соопштија дека се „многу загрижени“ поради информациите дека Гватемала отворила истраги за „попречување на правдата“ против девет новинари кои истражуваат корупциски скандали.

„Ги повикуваме судовите во Гватемала да отфрлат секаква криминализација на независното новинарство што ќе ги наруши демократските норми и слободата на изразување“, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс во соопштение.

Судската постапка е насочена конкретно кон новинарите на опозицискиот дневен весник „Ел Периодико“, како и кон претседателот на весникот, Хозе Рубен Замора, кој е во притвор од неговото апсење во јули 2022 година.

Замора ја чека пресудата по обвиненијата за перење пари и уцена. Тој вели дека е невин и цел на политички прогон поттикнат од гватемалскиот претседател Алехандро Џаматеи и јавниот обвинител Консуело Порас за да се спречи неговиот весник да објавува стории за корупциски скандали во кои е вмешана власта. паг/



Остани поврзан