• петок, 05 декември 2025

Вацке не верува дека некој ќе плати за Санчо онолку колку што бара Борусија

Вацке не верува дека некој ќе плати за Санчо онолку колку што бара Борусија
Дортмунд, 29 јуни 2020 (МИА) – Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке го сподели своето мислење за можното заминување на напаѓачот Џејдон Санчо. - Ако Џејдон дојде и рече дека сака да ја напушти Борусија, без оглед на тоа, и постои клуб подготвен да ја плати потребната сума, тогаш ќе разговараме за ова прашање. Но, досега тоа не се случи. И не мислам дека некој ќе плати за Санчо колку што бараме, убеден е Вацке. Борусија очекува да добие 125 милиони евра за 20-годишен Англичанец. Оваа сезона, напаѓачот одигра 41 натпревар на сите турнири, во кои постигна 20 гола и направи 18 асистенции. зс/

Остани поврзан