• четврток, 03 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ватикан: Папата покажува постепено подобрување, намалена потреба за маска за кислород

Ватикан: Папата покажува постепено подобрување, намалена потреба за маска за кислород

Рим, 11 април 2025 (МИА) - Папата Франциск го продолжува домашното лекување по неколкунеделна хоспитализација поради пневмонија, а клиничката слика покажува постепено подобрување на моторниот и респираторниот систем, соопшти денеска Ватикан.

Папата сега може да не користи маска за кислород долго време, а високопроточен кислород користи „првенствено за терапевтски цели“, пренесува „Ватикан Њуз“.

На неодамнешната средба со британскиот крал Чарлс, папата не мораше да користи маска за кислород, а тој продолжува со работните активности и може да чита документи и да има состаноци со соработниците, додаваат од Ватикан. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан