• понеделник, 23 декември 2024

Ватикан им порача на бискупите да пријавуваат сексуални злосторства

Ватикан им порача на бискупите да пријавуваат сексуални злосторства
Рим, 16 јули 2020 (МИА) - Ватикан денеска им порача на бискупите во светот дека треба да пријават случаи на сексуални злосторства на свештенството во полиција дури и кога тие не се законски должни, во обид да ги принудат црковните водачи да ги штитат малолетните лица од свештениците предатори. Ватикан го издаде долгоочекуваниот прирачник за бискупите и надредените верски старешини за спроведување внатрешни истраги за тврдења за свештеници кои силувале и малтретираат малолетни лица и ранливи возрасни. Иако во Ватикан веќе две децении се на сила детални канонски норми, некои бискупи продолжуваат да ги игнорираат законите што ги отфрлаат наводите на жртвите за да ги заштитат своите свештеници. паг/  

Остани поврзан