• петок, 21 февруари 2025

Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна

Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна

Рим, 16 февруари 2025 (МИА) - Здравствената состојба на папата Франциск (88), кој пред два дена беше примен во римската болница „Агостино Гемели“ поради бронхитис, е стабилна, соопшти денеска Ватикан.

„Клиничката состојба на папата е стабилна и продолжува терапевтскиот дијагностички процес пропишан од медицинскиот персонал. Утрово тој ја следеше светата миса на телевизија“, се вели во соопштението на Ватикан.

Папата беше примен во римската болница Гемели во петокот откако се влоши нападот на бронхитис. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан