• петок, 05 декември 2025

Васев: Протестот на ВМРО-ДПМНЕ е показна вежба за тоа како се кршат мерките

Васев: Протестот на ВМРО-ДПМНЕ е показна вежба за тоа како се кршат мерките
Скопје, 10 април 2021 На ВМРО-ДПМНЕ не му е важно ниту здравјето на граѓаните, ниту му е грижа за здравствениот сектор и здравствените рабптници. На ВМРО-ДПМНЕ му е битно само да спечали некаков ситен политички поен на маката на граѓаните, на трудот на лекарите. Тоа денеска и сами пратеници на ВМРО-ДПМНЕ го признаа во обраќањата на нивниот лицемерен протест каде се зборуваше за се освен за заштита на јавното здравје. Денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ е показна вежба за тоа како се кршат мерките, како се загрозува јавното здравје, како заболените и починати лица се злоупотребуваат во дневнополитички цели. Колку оваа партија е загрижена за јавното здравје покажува тоа што наместо конструктивност и поддршка кон здравствените работници, денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно си играше „Шарена револуција“ вознемирувајќи ги и здравствените работници и граѓаните. Од почетокот на пандемијата па до денеска се што прави ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е на штета на здравствениот систем, на штета на јавното здравје. Како ниедна партија во светот ВМРО-ДПМНЕ е на страна на вирусот, наместо на страна на граѓаните и здравствените работници. Тоа срамно дејствување е антидржавно, антинародно и опасно по јавното здравје. Ете затоа ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција и затоа уште долго ќе остане таму. Стефан Васев, СДСМ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан