Вархеји: Нема сомнение дека Западен Балкан е целосно посветен на тоа да стане дел од ЕУ
- Проширувањето отсекогаш носело силни мислења и многу емоции, многу оптимизам и екстремен песимизам во исто време. Пред се за да се има успех во проширувањето треба посветеност. Тоа е геострат
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) - Проширувањето отсекогаш носело силни мислења и многу емоции, многу оптимизам и екстремен песимизам во исто време. Пред се за да се има успех во проширувањето треба посветеност. Тоа е геостратешка инвестиција во мирот, сигурноста, стабилноста и економскиот раст. Патот до ЕУ како што знаеме е долг и комплициран и полн со предизвици, но за мене нема сомнение дека Западен Балкан е целосно посветен на тоа да стане дел од ЕУ и затоа ние се трудиме најмногу што можеме тоа да се случи, нагласи денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
Тој, на денешниот 8-ми Форум на граѓанско општество на Западен Балкан нагласи дека граѓаните во регионот силно ја поддржуваат неговата целосната интеграција во ЕУ.
- И не само затоа што тоа е политички приоритет за политичките елити во овие земји, тука исто така тоа е рефлексија на мислењето на граѓаните на Западен Балкан, кои силно ја поддржуваат целосната интеграција на регионот во ЕУ, истакна Вархеји.
Еврокомесарот потсети дека веќе 30 години политички, технички и финансиски ги поддржуваат политичките избори на земјите-кандидати.
- Сега на крајот од годинава имаме неверојатни можности и предизвици да ја изградиме нашата работа и да дадеме свеж момент на процесот на проширување. Следната недела ќе се одржи Самитот на ЕУ-Западен Балкан со што ќе се потврди нашата посветеност на регионот. Кога станува збор за Албанија и Северна Македонија само можам да ги повторам зборовите на претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен, да биде постигнат договор за прифатлива преговарачка рамка, што ќе го отвори патот за одржување на првата меѓувладина конференција во рамки на словенечкото претседателство, рече Вархеји.
Тој наведе дека по случувањата во Авганистан сите се ориентирани на геополитичките чекори кои се прават.
- Мислам и на Европа исто така. И таа секако први се за нашите соседи и соседите на нашите соседи, соседите со кои го делиме контитентот се дел од Западен Балкан. Сега е од клучно значење за Европа да го испорача најважниот геополитички избор, што значи целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија. Затоа јас сметам дека расте вниманието за овој наш избор, за овој приоритет, и поради тоа јас се надевам дека следната недела ќе се чујат многу јасни пораки од лидерите на Европа и многу јасни поенти во таа насока, заклучи Вархеји.
Гаспер Довжан, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Словенија нагласи дека единствен логичен чекор за ЕУ е процесот за проширување.
- Секако Западен Балкан е дел од нашите приоритети и верувам дека развојот, стабилноста, просперитетот на овој регион е од стратешки интерес на ЕУ. Регионот е дефинитивно дел од Европа, опкружен е со земјите-членки и немаме друга опција освен да продолжиме да го интензивираме заедничкото здружување, но исто така да го поддржиме и регионалното здружување, што исто така е важно, посочи Довжан.
Тој додаде дека проширувањето во 2014 година донело прогрес и стабилност.
- Ние веруваме дека проширувањето е многу повеќе од техничко прашање, тоа е големо геостратешко прашање и затоа е потребна амбиција и политичка волја од двете страни за да се отиде напред кон нашата заедничка цел. Но процесот се уште не е завршен, затоа навистина ги поддржуваме партнерите од Западен Балкан во спроведувањето на неопходните реформи, кои се многу важни за да се доближат поблиску до процесот за проширување, нагласи Довжан. см/ац/